Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 4,25%, па така од ноќеска на полноќ бензините поскапуваат за два, а дизелот за три денара. Од полноќ цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82,50 ден/лит и на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 84,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 3,00 ден/лит во однос на цените утврдени согласно Одлуката од пред две недели. Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 71,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 60,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,559 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 16.07.2012 година. Така цената на М-1 НС изнесува 45,019 ден/кг.
Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 4,25%, па така од ноќеска на полноќ бензините поскапуваат за два, а дизелот за три денара.
Од полноќ цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82,50 ден/лит и на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 84,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 3,00 ден/лит во однос на цените утврдени согласно Одлуката од пред две недели.
Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 71,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 60,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,559 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 16.07.2012 година. Така цената на М-1 НС изнесува 45,019 ден/кг, соопштуваат од Регулаторна комисија.